На 27.12.2023 во 13.30 часот на булеварот „Ослободување” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.Е.(28) од кичевското село Аранѓел. Тој, со лична карта на друго лице и без добиена согласност, се обидел од кредитно друштво во Кичево да подигне кредит и на тој начин да се стекне со протиправна имотна корист.
При преглед кај него, полициските службеници ја пронашле и одзеле личната карта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.