Полицијата потврди дека извлекла тело на тинејџер од морето откако денес бил нападнат од ајкула на плажа во близина на националниот парк Инс во Јужна Австралија.
Нападот се случил во четвртокот околу 13:30 часот по локално време на плажата Етел.
„За жал, телото на тинејџерот го извлековме од вода“, изјави портпаролот на полицијата и додаде дека полицијата, детективите и криминалистичката полиција се на лице место и вршат увид.
Плажата на која се случи инцидентот е популарна меѓу туристите и сурферите, пренесува News.com.au.
Ова е само последен во серијата напади на ајкули во Јужна Австралија оваа година, а две лица го загубија животот.