Тирана воведува градски превоз со користење батериски-електрични автобуси

Германија и ЕУ финансиски ќе поддржат проект за зелен транспорт во Тирана, со 81,2 милиони евра.

Договорот за финансирање го потпишаа министерот за финансии и економија Ервин Мете, градоначалникот на Тирана Ерион Велиај и директорката на KfW во Албанија, Брит Хоршке, вреден 50 милиони евра заем од германската влада и грант од 31,2 милиони евра, доделен од Фондот за инвестиции за Западен Балкан (WBIF).

Вкупната проценета вредност на проектот е 110,37 милиони евра. Остатокот од средствата, односно 29,17 милиони евра ќе го покрие општина Тирана.

-Проектот вклучува имплементација на систем за брз транзит со автобуси (Bus-Rapid Transit-BRT), со користење на батериски-електрични автобуси на три транспортни линии во Тирана. Целта на проектот е да се подобри обезбедувањето услуги во јавниот транспорт, како и да се намалат емисиите на CO2, објави министерот Мете на Фејсбук.

Проектот е во рамките на мерките што ги презема Владата за постигнување на целите за одржлив развој и заштита на климата и се  се очекува да заврши  на крајот на 2029 година.

Треба да знаете
Последни објави