Доналд Трамп ги демантираше тврдењата на режисерот Крис Колумбус дека малтретирал за да се појави во „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“.
Поранешниот американски претседател на својата платформа за социјални медиуми Тру рече дека продуцентскиот тим на филмот „го молел да се појави во сцена“.
Трамп за филмот од 1992 година рече: „Тие го изнајмија хотелот Плаза во Њујорк, кој јас го поседував во тоа време. Бев многу зафатен и не сакав да го правам тоа. Беа многу фини, но пред се упорни“.
„Се согласив, а останатото е историја! Таа мала сцена полета како ракета и филмот беше голем успех, и сè уште е, особено околу Божиќ. Луѓето ми се јавуваат секогаш кога се емитува“.
Вториот дел од комедијата „Сам дома“ од 1990 година заработи 359 милиони долари и беше трет филм со најголема заработка во 1992 година.
Во 2020 година, Колумбус, кој ги режираше двата филма, изјави за Бизнис инсајдер дека дека сцената на Трамп била услов за да може да снимаат внатре во хотелот Плаза, покрај вообичаената такса.
„Тој малтретираше за својот влез во филмот“, рече Колумбус и додаде дека Трамп рекол: „Единствениот начин на кој можете да го користите Плаза е ако јас сум во филмот“.
Но, Трамп оваа недела тоа го демантираше: „Ништо не може да биде подалеку од вистината“. Тој додаде дека неговото појавување му дало значителен поттик на филмот. „Таа сцена помогна филмот да биде успешен, но ако се чувствуваа малтретирани или не ме сакаа, зошто ме ставија и ме задржаа таму повеќе од 30 години? Затоа што бев, и се уште сум, одличен за филмот, затоа! Само уште еден холивудски дечко од минатото кој бара брзо решение за публицитетот за себе преку Трамп!“
Филмовите „Сам дома“, во кои Маколи Калкин глуми младо момче кое случајно е заборавено од семејството и мора да се бори со провалниците кои ги играат Џо Пеши и Даниел Стерн, станаа основни работи за гледање за Божиќ.