Раст на прометот во трговијата на мало во ноември

Во трговијата на мало, во ноември 2023 година во споредба со ноември лани, зголемување на прометот во номиналната и реалната стапка е забележано кај групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа за 7. 0 % номинално и 4. 2 % реално, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 7. 2 %, а реално за 3. 2 % и во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 7. 5 % и реално за 2. 0 %. Според податоците на Државниот завод за статистика, пад и на двете стапки е забележан во групите Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 15. 2 %, а реално за 2. 8 %).

Треба да знаете
Последни објави