Стотици луѓе протестираа во Тел Авив доцна синоќа против израелска војна против палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа, јавија израелските медиуми.
Според израелскиот весник Аарец, демонстрантите побарале прекин на борбите во палестинската енклава и ослободување на луѓето кои Хамас ги зеде како заложници на 7 октомври.
Изданието исто така објави дека стотици млади луѓе кои дојдоа од градови во близина на границата на Израел со Појасот Газа протестираа пред израелскиот парламент во Ерусалим повикувајќи на ослободување на заложниците.
Конфлитот во Газа започна по нападот на Хамас врз Израел во кој беа земени повеќе од 200 заложници. Вкупно 105 заложници беа ослободени пред еден месец според привремениот договор за прекин на огнот.
Според израелските власти, во Појасот Газа се уште има околу 130 заложници.