Најавите дека Горзад Михајлов ќе биде тренер на македонскиот фудбалски прволигаш Вардар во вториот дел од сезоната ги потврдија од клубот. Михајлов доаѓа на местото од Александар Васоски кој пак го наследи него во Силекс.
Ангажманот на Михајлов го потврдија „црвено-црните“ преку социјалните мрежи.
-ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија. Добредојде во црвено црното семејство, стои во соопштението на клубот.
Главната задача на Михајлов секако ќе биде да избори опстанок со Вардар.