Од продажба на конфискувани 20 моторни возила и 10 станбени објекти, од март до крајот на декември, во Буџетот се внесени 1.162.000 евра. Ова го соопшти Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот кој даде отчет за сработеното од март кога бил поставен на функција. Tojпојасни дека Агенцијата управува со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети со правосилна одлука во кривична и прекршочна постапка, како и трајно одземени предмети во управна постапка.
Во овој период се отстапени и 150 возила на државни органи, институции, министерства, општини, јавни претрпијатија и јавни здравствени установи, и со тоа е придонесено државниот буџет да заштеди преку 500.000 евраа. Истовремено поделена е и храна, текстил и други предмети во учелишта, градинки…
Небиу рече дека кога дошол на функција начекал преполни магацини со одземена роба која била натрупани без соодветно да биде чувана, имало и расипана и стока со истечен рок.
– Вработените несебично се зафатија со работа, најголем дел исчистивме и тоа што беше употребливо го дониравме на институциите со што се направија заштеди во државната каса – рече Небиу кој додаде дека нема да остане непроцесиран имот.
Според информациите од Царинската управа станува збор за непревземена одземена стока сместена во јавните царински складови и магицините на Царинската управа во вредност од околу 3 милиони евра.
Небиу потенцираше и дека за хаварисаните возила, за прв пат во 15 години од постоењето на Агенцијата, извршено е транспарентно пресирање на возилата со видео запис на целиот процес.
Небиу посочи дека во многу улилишта, институции, градинки направени се значајни донации, со што им се подобрени условите за работа.
– Отстапени се 200.000 парчиња разна стока: обувки, облека, храна, училишен прибот, текстил, техничка опрема, кујнски прибор, градинарски алати и друго на државни органи, јавни установи, училишта, затвори и други институции. Пакети им беа доделени на 15.000 ученици, а уште 5000 ученици на кои ќе им бидат доделени на почеток од 2024 година. При овие донации, остварени се пасивни средства односно заштедено е во државниот буџет 438.128 евра – рече директорот.
Директорот Небиу апелираше до надлежните институции да се излезе во пресрет на барањата за доекипирање на Агенцијата каде според интерната систематизација недостасуваат четириесетина службеници. Изготвен е и идеен проект за нов, современ магацин и плац за складирање одземени возила и разна стока кој, со поддршка на Владата, се очекува да биде изграден во 2024 година.
-Ќе се залагаме и за дигитализација на Агенцијата и планираме уште поинтензивно да работиме на конфискација, како и да спроведеме продажба на сите недвижности со кои располагаме, најави директорот Небиу.