Голем дел од граѓаните ќе ја дочекаат Новата година во домашна атмосфера.
Во анкетата што ја направи МИА во пресрет на новогодишните празници, најголем дел од нив одговорија дека ќе ги поминат празниците со најблиските.
Помладите ќе ја дочекаат Нова Година на плоштадот „Македонија“, а има и такви кои за празниците ќе патуваат во странство.
– Оваа година Новогодишните и Божиќните празници ќе ги поминам дома со моите најблиски, вели една сограѓанка. Има и такви кои ќе патуваат надвор од државата.
– Новата година ќе ја дочекаме во Будва, веќе имаме договорено, неколку дена таму ќе престојуваме и се надевам дека ќе биде прекрасна атмосфера, изјави еден господин.
Помладите граѓани Новата година ќе ја прослават на плоштадот „Македонија“, а има и такви кои за празниците ќе патуваат во странство.
Од туристичките агенции велат дека меѓу младите најактуелен е Белград, а од понудите со вклучен авионски билет најбарани се оние за Париз и Рим, додека од аранжманите со автобуски превоз најпродавани се оние за Истанбул и Италија.
Агенциите што ги контактираше МИА велат дека и покрај поскапувањето на цените на понудите за патување во однос на лани, од околу 10 отсто, сепак има голема заинтересираност.
Скопје претпразнично е преполно и со туристи. Дел од нив велат дека попатно се во земјава и дека Новата година ќе ја дочекаат во соседните држави.