Саја Џонс (24), десното крило на Мидлсброу оваа сезона постигна четири гол, а за три години во Боро постигна девет гола.
Сепак, во 25. коло од Чемпионшип, на гостувањето кај Хадерсфилд, не успеа да постигне гол со неверојатно промашување. Имаше ситуација еден на еден, го мина противничкиот голман, го мина и потоа од два метри го утна целиот гол.
Кога требаше да ја упати топката во голот, Џонс необјасниво се сплетка со што му дозволи на противничкиот дефанзивец да се врати и да го блокира неговиот удар кој мораше да го заврши во голот.
На социјалните мрежи Англичаните ова го нарекуваат „утка на векот“ и посочуваат дека на самиот крај на годината ја добивме најголемата утка во 2023 година/
За среќа на Џонс неговиот тим победи со 2:1 и со тоа остана во трка за местото кое води во плеј-офот за Премиер лигата.