PayPal се обврза да ги промени своите деловни услови за целосно усогласување со правилата за заштита на потрошувачите на ЕУ.
– По дијалогот со Европската комисија и националните органи за заштита на потрошувачите, PayPal се обврза да ги промени условите за работа со цел да ги направи потранспарентни и поразбирливи за потрошувачите – се наведува во соопштението на ЕУ.
Условите на работење на PayPal беа премногу тешки за разбирање и неправедни кон потрошувачите.
Корисниците на PayPal ќе бидат известени за промените преку ажурирање на политиката во февруари. Промените ќе стапат на сила во мај.