Сараево вечерта го погоди земјотрес. Според податоците на EMSC, земјотресот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на 63 километри од Сараево, односно на 10 километри од Зеница.
Како што пренесува порталот „Аваз“, земјотресот бил почувствуван во бројни градови на Босна и Херцеговина, од Сараево, Зеница, Тузла…