Избегнат судир на авиони во Франција, контролата на летање дала погрешни инструкции

Грешка на вработен на аеродромот во Бордо за малку ќе предизвикала голема авионска несреќа.

Имено, вработениот во контролата на летање на аеродромот по грешка одобрил слетување на авионот Ербас на ИзиЏет, додека во истиот момент на пистата имало авион Робин ДР4000 кој се подготвувал за полетување.

Во Ербасот имало 179 патници, а извесен судар бил избегнат со брза реакција во пилотската кабина. При слетувањето, персоналот сфатил дека веќе има еден авион на пистата и го прекинале слетувањето на само педесетина метри од авионот кој бил на земја.

Во прелиминарната истрага се наведува дека причината за таквата голема грешка во контролата на летот може да биде недостигот на персонал бидејќи шефот на ноќната смена го намалил бројот на контролори на три, наместо на шест колку што било предвидено,пишува „Оксфорд мејл“.

„Свесни сме за извештајот во врска со грешката во контролата на летот што потврдува дека нашите пилоти постојано ги следеле процедурите. Безбедноста на нашите патници и екипажот е наш највисок приоритет и ќе продолжиме да соработуваме со истрагата“, изјави портпаролот на ИзиЏет во изјава.

Треба да знаете
Последни објави