Данска добива нов крал и кралица, се запознале во ноќен клуб

Данската кралица Маргарет Втора се повлекува од тронот по 52 години владеење, а својата одлука ја објави во телевизиско обраќање во живо. Таа најави дека формално ќе се повлече на 14 јануари, а новиот дански крал ќе стане престолонаследникот Фредерик, кој на 14 јануари ќе стане крал Фредерик X, а неговата сопруга Мери ќе стане кралица на Данска.

Нивната љубовна приказна е многу невообичаена за европското благородништво бидејќи Мери е обична жителка, по потекло од Австралија. Мери го запознала Фредерик во ноќниот клуб Слип Ин во 2000 година, за време на Олимпијадата во Сиднеј. Кога се запознале, данскиот престолонаследник бил во друштво на неговиот брат, принцот Јоаким и уште еден роднина, кој ja познавал цимерката на Мери. Во тоа време Мери не знаела кој е тој.

Двојката започнала врска на далечина набргу по средбата, а Фредерик потоа направил неколку дискретни посети на Австралија кои навестиле дека нивната врска е сериозна од самиот почеток. Во декември 2001 година, идната кралица се преселила од Австралија во Данска, додека работела како професорка по англиски јазик во Париз.

Тие се венчаа во мај 2004 година, а во последните 20 години се слават како еден од најхармоничните кралски парови. Тие имаат четири деца: 18-годишниот Кристијан, 16-годишната Изабел и 12-годишните близнаци Винсент и Џозефин. Меѓутоа, неодамна се појавија шпекулации дека нивниот брак е на тенок мраз.

Според шпанските таблоиди, додека бил во Мексико во ноември, идниот крал на Данска бил виден во друштво на мексиканската реалити телевизиска ѕвезда Геновева Казанова. Принцот потоа го поминал целиот ден со атрактивната Мексиканка додека неговата сопруга, принцезата Мери била во протоколарна посета на Обединетите нации, што ги поттикнало гласините за прељуба на идниот дански крал. Казанова тогаш ги негираше наводите на медиумите, а данското кралско семејство соопшти дека нема намера да ги коментира гласините за проблеми во нивниот брак.

Според британски Дејли Мејл, тоа би можело да биде причина за ненадејната абдикација на кралицата Маргарет. Имено, се погласни се шпекулациите дека е одлучено да се задржи сопругата на Фредерик, принцезата Мери, која е исклучително популарна во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави