Саудиската ТВ Екбарија објави дека кралството официјално се приклучи на БРИКС.
– Кралството официјално стана полноправна членка на групата БРИКС, во која спаѓаат Русија, Кина и други земји, со што ја зајакнува својата позиција во светот – објави телевизијата.
Во август минатата година, на самитот на БРИКС во Јужна Африка, земјите-членки на оваа организација најавија дека имаат намера да поканат уште шест земји, меѓу другите, најголемите производители на енергија – Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Фархан во август изјави дека Саудиска Арабија ќе ги проучи деталите пред предложениот датум за пристапување на 1 јануари и ќе донесе „соодветна одлука“.