И Партизан се загреваше за вечното дерби со убедлива победа над Асвел

И вториот српски преставник во евролигашкста кошаркарска конкуренција, белградски Партизан за „вечното дерби“ в четрврток (20 ч.) со градскиот ривал Црвен звезда во ова елитно натпреварување се загреваше со победа. Во преполната „Штарк арена“ Партизан годината ја почна победнички, во рамките од 18. коло во Евролигата го растури Асвел 90:77 (23:17, 27:14, 19:14, 21:32).

„Црно-белите“ ја прекинаа серијата од два последователни порази во Евролигата, иако во тимот ги немаа повредените Алекса Аврамовиќ и Урош Трифуновиќ како и Зек Ледеј кој не се опороави од ударато во колкот кој го заработи против Виртус.

Пр3етходно вечерва Црвена звезда како гостин го совлада Фенербахче во Истанбул (85:76).

Треба да знаете
Последни објави