Спасовски на заедничко празнување на Божиќ со католиците од селото Радово, струмичко

Утрово, на покана од монсињор Киро Стојанов, бискуп на Скопската бискупија и Струмичко-скопски епарх за Католиците од Источниот обред на Католичката црква, во село Радово во црквата „Свети Пророк Илија”, присуствував на вториот ден од Божик – Рождеството Христово, на заедничко празнување на овој голем христијански празник, објави на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Силата на нашето заедништво нè води низ предизвиците на секојдневието и нè обединува во вербата во еднаквост, праведност и солидарност. Со здружени сили можеме да создадеме иднина во која секој граѓанин ќе има еднакви можности за успех и просперитет“ стои во објавата на Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави