Ќе летаат директорите од М-НАВ или ќе се приземјат авионите

Празнувањето привршува. Инцидентот кој се случи на 4 јануари во контролната кула на скопскиот аеродром ги зовре страстите во јавноста, ги испровоцира еспертите кои им порачаа на политичарите да не си играат со вака сериозна работа која ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните. Авиосообрќајот во земјава е пред сериозен тест по упадот на осумината неканети гости во М-НАВ, предводени од партиски активист на ДУИ, Беким Незири, кои не само што ја загрозија безбедноста на скопскиот аеродром, туку во опасност доведоа и авиони кои во тој момет го надлетуваа македонскиот воздушен простор. Натрапниците, четворица кои беа приведени и изведени пред судија на претхопдна постапка не добија притвор, додека по четворица полицијата сеуште трага. Директорите како најповикани не си дадода оставки како морален чин за ова што се случи. Владата истиот ден регаираше со најава дека на првата наредна седница, закажана за утре (9 јануари) на дневен ред ќе го стави разрешувањето на раководството, Управниот одбор и ќе побара од надлежните институции да извршат ревизија на работењето во М-НАВ. Утрешниот ден го очекуваат вработените во М-НАВ, но и јавноста, бидејќи од исхордот ќе зависи дали авиосообраќајот ќе функционира или ќе колабира. Од владините одлуки ќе зависи натамошниот расплет на целата ситуација. Синдикатот очекува да „летаат“ директорите, наместо да бидат приземјени авионите. Според синдикалците кои побараа оставки од директорите и ги посочија како виновници за упадот и физичкиот напад што се случи на работните места на вработени во М-НАВ неминовен ќе биде штрајкот пред сè заради безбедноста на патниците, ако Владата не го стори она што го најави. Затворањето на воздушниот простор би траел се до исполнување на нивните барања.

Треба да знаете
Последни објави