Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци.
Забраната за движење на тешки товарни возила, на овие патни правци, беше воведена синоќа поради обилни врнежи од снег.
Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат“, информираат дека утринава од 5:30 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Крак-Маврово-Дебар.
Претходно, како што информираат од „Македонија пат“, од еден часот по полноќ е укината и забраната на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во околината на Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате тука