Светлана Цеца Ражнатовиќ и Теа Таировиќ ќе бидат главни музички ѕвезди на познатиот „Ромски бал“ во Скопје, кој ќе се одржи на 18 јануари.
По тој повод ќе им пеат во Скопје на најбогатите Роми од овие простори и на тие кои живеат насекаде низ светот.
Како што дознава Курир.рс Цеца за овој настап ќе добие 50.000 евра, додека Теа се задоволила со цифрата од 20.000 евра. Ќе настапат и Џогани за 10.000 евра, како и Сара Рељиќ која склучи ангажман за 5.000 евра.
На овој 44-ти традиционален „Светски ромски бал“ во еден од најлуксузните хотели во Скопје, покрај пејачите од Србија, ќе пее и Мухарем Сербезовски, како и ромски музички ѕвезди од Северна Македонија: Бернат, Таркан, Џефрина и Цита.
Инаку, овој „Ромски бал“ организиран од Габриел Бајрам син на познатиот Амди Бајрам од Скопје, е еден од најпосетуваните и најгламурозните традиционални ромски настани во Европа и собира над три илјади луѓе од цела Европа.
Цената на билетот за овој настан е 3.000 денари по лице.