Околу 700 мртви лебеди се откриени во природен резерват во Казахстан, каде има ретки и загрозени видови, соопштија денеска локалните власти.
„Вкупно, од 21 декември до 8 јануари, 675 мртви лебеди беа откриени на езерото Каракол“, природен резерват во близина на Каспиското Море во западен Казахстан, соопшти Министерството за животна средина
Лебеди угинаа од птичји грип и беа испратени експерти да се обидат да помогнат, а секој ден има десетици мртви птици.
Во минатото, еколошките активисти постојано изразуваа загриженост за еколошките проблеми во таа област на западен Казахстан, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот и водата, како и опустинувањето.
На крајот на 2022 година, казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев повика на зачувување на вештачкото езеро Каракол, формирано за време на советската ера од водата испуштена од поранешната нуклеарна централа, а сега претворена во резерват каде што има многу заштитени видови животни.
„Важно е да се зачува овој уникатен резерват. Еден од исклучително итните проблеми на регионот е опустинувањето“, рече тогаш Токаев, додека нивото на Каспиското Море, најголемото затворено море во светот, секоја година се намалува.