Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа издаде декрет со кој се потврдува дека Еквадор е во состојба на „внатрешен вооружен конфликт“ и нареди „неутрализација“ на бандите вклучени во трговијата со дрога.
Претседателскиот декрет го признава „постоењето на внатрешен вооружен конфликт“ и наредува „мобилизација и интервенција на вооружените сили и полицијата (. . .) за гарантирање на суверенитетот и националниот интегритет против организираниот криминал, терористичките организации и недржавните воинствени сили“. .
Нобоа наредува и „неутрализација“ на сите криминални групи и дава исцрпен список: „Агилас, АгиласКилер, АК47, Кабаљерос Оскурос, ЧонеКилер, Чонерос, Ковичерос, Куартал де лас Феас, Кубанос, Фаталес, Ганстер, Катер Пилер, Лагартос, Латин Кингс, Лобос, Лос п.27, Лос Тибурнес, Мафија18, Мафија Требало, Патронес, Р7, Тигеронес.
Тие банди, од кои повеќето беа улични само до пред неколку години, станаа крвави актери во трговијата со дрога со меѓународни пипала, откако Еквадор стана главна извозна точка за кокаин произведен во Перу и соседна Колумбија.
Таа земја сега е опустошена од насилството на бандите и трговците со дрога. Јавниот непријател број 1, водачот на Choneros (банда од околу 8.000 луѓе, според експертите), Адолфо Масијас, алијас „Фито“, избега од затворот во Гвајакил во неделата, предизвикувајќи невидена безбедносна криза низ целата земја, голем предизвик за претседателот Нобо (36), избран во ноември минатата година со ветување дека ќе ја врати безбедноста во земјата.
Шефот на државата во последната точка од указот ја подвлекува потребата вооружените сили да дејствуваат „според меѓународното хуманитарно право и со почитување на човековите права“.