Ковачевски: Пендаровски со иста позиција како и другите можни кандидати за шеф на државата

Претседателот Стево Пендаровски нема да има предност во трката за претседателски кандидат во СДСМ.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека во партијата е почната процедурата за номинација на кандидатите за претсдетел и сите имаат еднаква стартна позиција.

„Пендаровски успешно го заврши претседателскиот мандат, ги поддржа евроинтеграциите и сите граѓани ги третираше со еднаква почит, во моментов може да зборувам за врендостите кои би ги дал заедничкиот кандидат, но не можам да прејудицирам кој би бил. Тоа е неетички“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

Пендаровски вчера изјави дека одлуката дали ќе се кандидира за втор мандат ќе ја донесе во втората половина на февруари.

Треба да знаете
Последни објави