Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе ја има таа чест да биде дел од стартот на 16. Европско првенство што ќе се одржи во Германија. Со денешниот натпреавр (18 ч.) од групата А, против олимпискиот шамопион Франција, македонската репрезентација ќе влезе во историјата на ракометот дека настапувала на фудбалски стадион адаптиран за ракометни престави пред повеќе од 50.000 гледачи на отворањето на ЕП 2024. Фудбалскиот стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Дизелдорф е местото каде ќе биде означен почетокот на ракометното ЕП-2024.
Организаторот објави дека билетите се распродадени и на трибините во „Меркур Шпиле Арената“ се очекува да се појават повеќе од 53.000 гледачи на трибините, посебно за вториот меч (20.45 ч.) од групата А, кога ќе настапи домашната селекција Германија против Швајцарија.
За македонската репрезентација ова ќе биде осми настап на европските првенства или вкупно 13. големо натпреварување во низа. Македонија првиот натпревар против Франција ќе го игра денеска во Дизелдорф, а наредните два, со Германија на 14 јануари и со Швајцарија на 16 јануари ќе ги игра во Берлин. Завршниот турнир од ЕП-2024 во Германија е првиот кој ќе се игра со 24 репрезентации. По одгрувањето на првата групна фаза по две првопласирани од секоја група обезбедуваат пласман во втората групна рунда која ќе се состои од две групи со по шест селекции, а првите две селекции од овие групи ќе играат во завршницата на ЕП во Келн. Група А (Дизелдорф/Берлин): Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
Група Б (Манхајм): Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија
Група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
Група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
Група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија
Група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција.