Заради пројавениот голем интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, со соопштение за јавноста се огласи Кривичен суд за инцидентот во М-НАВ, откако од обвинителството беше обжалена одлука на судијата во претходна постапка, натрапците кои влегоа во контролната кула и физички нападнаа вработен, наместо притвор да добијат поблаги мерки на претпазливост.
-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 05.01.2024 година, со кои на 4 лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање на одговор на жалба од одбраната. Со оглед на барањето на странките во постапката, но пред се заради доследно почитување на Законските одредби, судот во рокот од 48 часа ќе донесе соодветна одлука за што ќе ги информира странките и јавноста. Во однос на прашањата поврзани со други лица инволвирани во случајот, ја информирма јавноста дека до овој момент Јавниот обвинител до судот нема поднесено дополнително барање за определување мерки и за други инволвирани лица освен за четворицата кои веќе се под мерки за претпазливост, се вели во соопштението од судот.