Не е закажан состанок на Комисијата за заразни болести по евидентираните случаи на голема кашлица регистирани во земјава. Според информациите на Институтот за јавно здравје, од почетокот на годината во земјава се евидентирани два случаи на персутис или во јавноста позната како магарешка кашлица. Дека нема најава за состанок на Комисијата за заразни болести во изјава за МИА потврдил портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.
-Претседателот на Комисијата решава дали ќе има или не. Треба да се апелира, да се вакцинираат децата согласно редовниот календар за имунизација. Тоа е најдобрата заштита. Минатата година имаше три случаи на голема кашлица,вели Мехмедовиќ.
Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, соопшти дека од почетокот на годината евидентирани се два случаи. Станува збиор за деца. Во едниот случај е дете од Кичево, а во другиот за шестмесечно бебе кое е хоспитализирано на Детската клника „Козле“ во Скопје.