Лазаров за дуелот со Франција ги одбра 16. ракометари

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кире Лазаров одлучи со кои 16 ракометари ќе го почне настапот на ЕП-2024. За дуелот со Франција кој почнува во 18 часот на фудбалскиот стадион во Дизелдорф, се очекува да се игра пред рекорден број на гледачи за еден ракометен натпреавр, на трибините ќе се преселат третиот голман Марко Кизиќ и средниот бек Игор Ѓорѓиев.

Македонија отпатува за Дизелдорф со 18 ракометари, па на располагање за пресметката со „триколорите“ остануваат: Митревски, Томовски, Омерагиќ, Велковски, Митев, Талески, Маркоски, Кузмановски, Ненад Костески, Никола Костески, Пешевски, Лазаревски, Јагуриновски, Џонов, Атанасијевиќ, Савревски.

Треба да знаете
Последни објави