НАТО најавува нова помош за Украина

На средбата со Украина, сојузниците од НАТО јасно ставија до знаење дека ќе продолжат да и пружаат голема воена, економска и хуманитарна помош на таа земја, соопшти Алијансата.

Во соопштението по видео-конференцијата, НАТО додаде дека земјите-членки ги презентирале плановите да и обезбедат на Украина, која речиси две години се соочува со руска инвазија, помош од милијарди евра во текот на 2024 година.

– НАТО остро ги осудува руските ракетни и беспилотни напади врз украинските цивили, вклучително и оружјето добиено од Северна Кореја и Иран – изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Додека Москва ги интензивира нападите врз украинските градови и цивили, сојузниците на НАТО ќе ја зајакнат воздушната одбрана на Украина.

Украина на онлајн средбата ја претставуваше генерал-полковник Микола Олешчук, командант на воздухопловните сили на Киев и заменик-министер за внатрешни работи Алексеј Серхиев.

Русија ги засили нападите во текот на новогодишниот период и погоди два од најголемите градови во Украина, Киев и Харков, на почетокот на овој месец во новиот бран на тешки воздушни напади.

Средбата со НАТО алијансата се одржа на барање на Украина.

Треба да знаете
Последни објави