Англискиот фудбалер Џејдон Санчо не се наигра во Манчестер јунајтед, па реши да се врати назад во редовите на бундеслигашот Борусија Дормунд. За време на престојот на „Олд Трафорд“ не беше во добри односи и со тренерот Ерик Тен Хаг.
Санчо прифати да замине во неговиот поранешен тим Борусија Дортмунд како позајмен играч. Во редовите на „милионерите“ настапуваше до 2021 година. Талентираниот фудбалер претходно настапи на 137 меча за „милионерите“ и притоа постигна 50 голови и 64 асистенции, а во иднина ќе го носи дресот со број 10 во Дортмунд.