Починатиот актер Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер од серијата „Пријатели“, е обвинет за физички напад на неколку жени, пишува „Дејли мејл“.
Меѓу наводните жртви на славниот актер е и неговата поранешна свршеница Моли Хорвиц, откри извор близок до ѕвездата.
Шокантните тврдења опишуваат како Пери „фрлил масичка“ на Моли откако таа се посомневала дека ја изневерува. Сè се случило во 2021 година.
Се шпекулира и дека го турнал Морган Мозес, која ја запознал на клиника за рехабилитација и која му станал „трезна пријателкаа“. Тој ја „фрлил на кревет“ за време на жестока расправија во март 2022 година.
Тврдењата сега се закануваат да го оцрнат името на Пери, кој почина на 54-годишна возраст во октомври, откако се предозирал со кетамин додека бил во топла када во неговиот дом во ЛА.
Обвинувањата даваат и многу мрачна слика за актерот кој на многумина им беше омилена ѕвезда.
Инаку, Пери во своите мемоари од 2022 година, „Пријатели, љубовници и големата лоша работа“, тврдеше дека конечно бил трезен, по повеќекратните неуспешни обиди да се исчисти и дека платил девет милиони долари за тој успех.
Сепак, судејќи по тоа како завршил, се чини дека тоа не било вистина.
И покрај медицинскиот тим кој бил со него деноноќно во куќата, Метју успеал да добие опијати од различни девојки во неколку наврати преку апликации за запознавање.