Две лица се ранети при престрелка со огнено оружје пред зградата на Ургентниот центар во Клиничката болница – Тетово.
Информациите се дека едното повредено лице било префрлено на скопските клиники.
Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот.
На случјов му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот.
Информациите се дека едното повредено лице било префрлено на скопските клиники.