Ако се прашувате што друго можете да направите за да го спречите вашиот следен напад на мигрена, пробајте го ова смути. Иако пијалокот нема да замени апче, тој содржи хранливи материи за кои е докажано дека помагаат во спречување на напади на мигрена, тврди Пола Думас, основач на порталот „Мигрена повторно“ и членка на различни меѓународни здравствени организации и здруженија. „Овој рецепт е меѓу најдобрите рецепти за смути против мигрена бидејќи содржи: омега-3 масни киселини, магнезиум и витамин Б. Овие три хранливи материи се природни лекови засновани на докази за кои е докажано дека спречуваат напади на мигрена. Покрај тоа, овошјето, зеленчукот, млекото и мразот се одлични природни начини да останете хидрирани. Добрата хидратација е апсолутно неопходна за луѓето со мигрена“, тврди Думасова и советува дека е паметно денот да се започне со токму овој пијалок.
За смути ви е потребно:
3 листови кељ
1/3 чаша листови спанаќ
1/2 стебленца целер
1/2 краставица (или брокула)
1/2 шолја зелени јаболка
2,5 см ѓумбир
лажичка чиа семе
чаша кокосово млеко или млеко со малку маснотии или незасладено бадемово млеко
лажичка мед или јаворов сируп
коцки мраз
Доколку сакате појако смути, можете да додадете, се разбира, доколку не е повод за мигрена, две лажички јогурт и половина банана или авокадо, вели „Miss7“.