Во последното деноноќие од вкупните 1.944 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, „реални“ повици биле 31,28%, а 68,72% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Како што информираат од ЦУК, кон Полиција биле упатени 52,90%, кон Итната медицинска помош 42,03%, кон пожарникарите 2,90%, а 0,43% кон АМСМ од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, на број 1.308 повици, биле предмет на примање, а и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК), секако истовремено според стандардните оперативни процедури во координација со ангажираните институции во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.



