Хути: Нападите нема да останат неказнети, убиени се петмина наши припадници

Вооружената група  Хути соопшти дека нападите врз нивните позиции извршени од САД и Велика Британија нема да поминат без „казна или одмазда“.

Портпаролот на Хутите Јахја Сари во видео порака изјави дека во нападите загинале пет нивни членови, а уште шестмина се ранети и најави дека ќе продолжат да го блокираат преминувањето на бродовите во Црвеното и Арапското море.

„Американските и британските непријатели сносат целосна одговорност за нивната криминална агресија врз нашиот народ во Јемен и нема да останат неодговорени и неказнети“, рече воениот портпарол на Хутите.

Тој додаде дека биле извршени 73 напади врз пет јеменски региони под контрола на Хутите, но не прецизираше кои биле целите. 

Треба да знаете
Последни објави