Во тешка сообраќајна несреќа утрово почина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски, јавува порталот Инфомакс.
Тоа, за порталот е потврдено и од страна на Министерството за внатрешни работи.
– На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга, велат од МВР.