Околу 4,3 милиони луѓе кои не се државјани на земјите-членки на Европската унија и кои побегнале од Украина добиле некој вид азил во земјите од ЕУ до 30 ноември 2023 година, покажуваат податоците на Евростат.
Како што се наведува, граѓаните на Украина претставуваат 98 отсто од корисниците на некаква привремена заштита, односно азил, од кои 46,3 отсто се жени и 33,3 отсто деца, додека мажите сочинуваат 20,4 отсто.
Најголем број од овие луѓе има во Германија – 1,2 милиони (28,9 проценти), во Полска – 955.110 (22,3 проценти) и во Чешка – 369.330 (8,6 проценти).