Бројот на загинати во несреќа во рудник за јаглен во Кина се искачи на 13, а тројца рудари се водат за исчезнати, соопшти кинеската компанија Пингдингшан Тианан Коал Манинг.
Несреќата се случила во петокот во градот Пингдингшан, во централната кинеска провинција Хенан.
Прелиминарната истрага покажа дека несреќата се случила поради експлозија на гас и запалување на јаглен во рудникот, јави новинската агенција Ксинхуа.