Швајцарски министер: Нема мир без Русија

Русија треба да биде вклучена во мировниот процес во Украина, изјави швајцарскиот министер за надворешни работи Игнасио Касис во Давос за време на четвртиот состанок на советниците за национална безбедност посветен на украинската „мировна формула“, пренесува Независне.

-Мораме да најдеме начин да ја вклучиме Русија во мировните дискусии – рече Касис на прес-конференцијата.

Тој рече дека нема да има мир доколку Русија нема свој удел во сето ова.

-На Украинците им треба мир, зимата во Украина не е иста како зимата во Давос. Мораме да направиме се за да им помогнеме на Украинците да постигнат мир. Оваа средба е во духот на традицијата на Швајцарија за промовирање на мирот – рече Касис.

Утре во Давос официјално ќе започне Светскиот економски форум, а се очекува учество на лидери од 100 земји и големи меѓународни организации.

Клучните теми на форумот во Давос се „Постигнување безбедност и соработка во поделен свет“, „Создавање раст и работни места за нова ера“, „Вештачката интелигенција како движечка сила за економијата и општеството“ и „Долгорочна стратегија за климата, природата и енергијата“, се наведува на веб-страницата на Светскиот економски форум

Треба да знаете
Последни објави