Метео анализа на Славчо Поповски
Следува зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд на пониските места (градовите) и од снег на планините и на повисоките места.
Снежната граница понекаде би можела да се спушти и под 1000 метри надморска височина, со што слабо провејување на снег понекаде би можело да има и во повисоките населени места. Повеќе врнежи ќе има во западните предели, каде на планините и на повисоките места ќе дојде до формирање на помала снежна покривка.
Во Скопје исто така се очекуваат повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а на околните планини ќе провејува снег.
Наутро температурите во текот на новата седмица ќе бидат повисоки, но и понатаму претежно под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.
Краткотрајно, но поголемо затоплување на времето ќе имаме кон крајот на работната недела кога температурите во Македонија ќе достигнат до 15 степени, понекаде дури и над 15 степени.
За време на следниот викенд доаѓа нов многу студен бран од север и ново големо заладување на времето и вистинско зимско време.
НАПОМЕНА: Поради наглите температурни промени кои се очекуваат во следниот период, кај метеопатите се очекуваат зачестени и значителни здравствени проблеми.