Од Либија за Италија, тргнале 117 мигранти, патување за кое платиле од 1. 500 до 4.500 долари, а биле откриени и спасени во близина на грчкиот остров Крит, но и упасени тројца од нив, под сомнение дека се криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката крајбрежна служба соопштија дека во железниот чамец имало 84 мажи, 31 дете и две жени, а на 11 јануари тргнале од Тобрук во Либија кон Италија и во саботата биле откриени во близина на Крит.
По спроведената прелиминарна истрага биле уапсени тројца од спасените за прекршување неколку закони меѓу кои нелегален влез во земјата, олеснување на влез во државата итн.
Кај двајца од уапсените биле откриени пакувања канабис, а едниот имал забрана за влез во Шенген зоната.