Три гренслем шампиони завршија со настапите на Австралијан опен

По елиминацијата на Марин Чилиќ во првиот ден од Австралијан опен, вториот тргна со елиминации за поранешните гренслем шампиони Станислав Вавринка и Енди Мареј. Вавринка одигра пет сета против Адријан Манарино и загуби со 4-6, 6-3, 7-5, 3-6 и 0-6, додека Мареј загуби со 0-3 во сетови (4-6, 2-6 и 2-6) од Томас Мартин Ечевери од Аргентина. Аргентинецот со елиминацијата на Мареј стана потенцијален ривал на Новак Ѓоковиќ во третото коло на Австралијан опен, но тоа зависи и од другите тенисери, односно неговиот ривал Гаел Монфилс.

Треба да знаете
Последни објави