САД ги осудија иранските напади во северен Ирак

Американскиот Стејт департмент ги осуди иранските напади кај Ербил во северен Ирак.

– Се противиме на непромислените ирански ракетни напади кои ја поткопуваат стабилноста на Ирак, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Во нападите не е погоден ниту еден американски објект и нема американски жртви, соопштија американски претставници.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека ги нападнала, како што ги нарече, „шпионските центри и местата каде се собираат антиирански терористички групи“ во Ербил, објавија иранските државни медиуми.

– Нападот беше извршен како одговор на неодамнешните терористички злосторства на непријателот на исламскиот Иран, а шпионските штабови и местата за состаноци на антииранските терористички групи беа цел на балистички ракети на ИРГЦ и беа уништени, соопшти иранската револуционерна гарда, пренесува ИРНА.

Аеродромот во Ербил го прекинал сообраќајот откако се слушнале експлозии над градот, соопштиле три ирачки безбедносни извори.

Треба да знаете
Последни објави