Во светот годишно се фрлаат 1,3 милијарди тони храна: половина во Саудиска Арабија

Според програмата на ОН за фрлање храна, Саудиска Арабија е на врвот на листата на земји кои фрлаат храна и на неа отпаѓаат дури 50 отсто од таквиот отпад во светот, објави индискиот ТВ канал WION.

Саудискиот министер за животна средина, вода и земјоделство Абдул Раман бин Абдул Мосен ал-Фадли ги потврди податоците на ОН.

Во исто време, Ал Фадли призна дека отпадот од храна ја чини неговата земја многу – 10,6 милијарди долари годишно.

Стапката на фрлање храна надминува 33 отсто, рече саудискиот министер, повикувајќи се на податоци од студијата на Националната програма за намалување на отпадот од храна.

Државната управа за општа безбедност на храната, по објавувањето на извештајот во октомври минатата година, започна сеопфатна кампања за подигање на свеста за поттикнување на практиката на одговорно консумирање.

Треба да знаете
Последни објави