ОН: Масовно изгладнување, како во Газа, беше незамисливо во 21 век

-Никогаш не би помислил дека во 21 век ќе бидеме сведоци на масовно изгладнување од вакви размери. Но, тоа го гледаме во Газа, по 100 дена бомбардирање – не дозволувајќи доволно испорака на храна, вода и гориво. Први умираат децата, а потоа возрасните и тоа пред наши очи – порачаа специјалниот известувач на ОН за состојбата со човековите права на окупираните палестински територии, Франческа Албанезе на платформата Икс (Твитер).

-Мојата молба до Израел е – не можеме да го направиме ова без тебе. Апсолутно ја разбирам вашата болка, вклучително и болката за заложниците што се уште се во Газа. Но, немојте да го игнорирате обемот на уништување во Газа, особено врз децата. Половина од населението е заглавено во овој хорор. Никој не е безбеден – истакна таа.

Треба да знаете
Последни објави