Францускиот претседател Емануел Макрон денеска даде низа ветувања, од воведување униформи во училиштата до промни во родителско отсуство, во обид да го заживее мандатот обележан со сопствената непопуларност и оспорените реформи.
Една недела по назначувањето на најмладиот француски премиер во историјата, Макрон, чиј простор за маневрирање е ограничен поради недостатокот на апсолутно мнозинство во парламентот, ги повика Французите да се обединат за да ја направат земјата посилна.
„Убеден сум дека имаме се што ни е потребно за успех и дека утре ќе живееме подобро од денес“, рече тој на прес-конференцијата.
Макрон започна со зборување за мерките кои се однесуваат на децата, вклучително и регулирање на времето што децата можат да го поминуваат пред екраните, иако тој не даде детали.
Тој рече дека униформите ќе се тестираат во стотина училишта и додаде дека ќе има повеќе часови граѓанско образование.
Макрон, исто така, рече дека ќе побара од неговата влада да започне нова серија либерални реформи за зајакнување на економијата и дека земјата мора да биде охрабрена да „произведува повеќе“ и „да биде поиновативна“.
„Франција ќе биде посилна ако ја врати финансиската независност“, рече тој.