Средба на иранскиот МНР и пакистанскиот премиер во Давос

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан се сретна со пакистанскиот премиер Анвар ул-Хак Какар на маргините на Светскиот економски форум во Давос, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

Соопштението дојде во време кога беа објавени информации за напад на Иран на територијата на Пакистан. Не е наведено дали функционерите разговарале за тоа.

Иранскиот министер и пакистанскиот премиер се согласија дека е неопходно да се следи спроведувањето на договорот меѓу двете земји во областа на борбата против тероризмот.

Абдолахиан, како што посочува Министерството, му се заблагодарил на Пакистан бидејќи официјални лица изразиле сочувство за неодамнешниот терористички напад во Керман – експлозијата на гробот на генерал Касим Сулејмани.

Корпусот на чувари на исламската република Иран вчера изврши напад со ракети и дронови врз седиште на терористичка група во Пакистан. Нападот бил извршен со дронови и 12 ракети.

Сите цели биле погодени. Исламабад истакна дека ваквото однесување на Иран може да има сериозни последици. 

Треба да знаете
Последни објави