„Бомбашот“ Ел Чека е кичевец од Туин

Кичевецот А.Ш.(28), родум од Туин, село под падините на планината Добра Вода, е  „бомбашот“ Ел Чека кoj веќе неколку денови на социјалната мрежа Фејсбук објавува нелегално прислушувани разговори меѓу високи функционери на ДУИ, дознава Плусинфо.

Тој во интервју за албанските медиуми изјави дека поседува околу 6.000 снимки, а само утрово постираше десет „бомби“. Ел Чека порача дека ќе продолжи да објавува разговори на челниците од партијата на Ахмети „се додека сите криминалци од ДУИ не завршат во затвор оти во спротивно владата на Заев ќе падне“.

Ел Чека, се закани дека ќе продолжи со објавување на нови „пострашни бомби“, за кои тврди дека ги добил од таканаречената Кумановска група, а ги објавува со барање да се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво Насеље.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека откако ќе ги објави нелегалните снимки ќе ги испрати до ЦИА и до Американската амбасада во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави