Кралот Чарлс следната недела на операција, ги одложи јавните ангажмани

Британскиот крал Чарлс Трети следната недела ќе биде подложен на „корективна процедура“ поради зголемена простата, соопшти денеска Бакингемската палата.

„Заедно со илјадници мажи секоја година, кралот бараше третман за зголемена простата“, се вели во соопштението, според Дејли мејл.

Се додава дека состојбата на британскиот крал е „бенигна“ и дека следната недела ќе оди во болница каде ќе му биде извршена „корективна процедура“.

„Јавните ангажмани на кралот ќе бидат одложени за краток период за време на неговото закрепнување“, соопшти Бакингемската палата.

Треба да знаете
Последни објави