САД: Камион на заледен автопат усмрти пет жени кои оделе пеш откако доживеале судар

Пет жени од државата Њујорк, сите од исто семејство, кои оделе пеш денес беа покосени од трактор-приколка на заледен автопат во североисточна Пенсилванија, откако ги оставија возилата по друга несреќа, соопшти денеска американската полиција

Загинатите се лица кои се превезувале со комбе кое поради снегот се лизнало и удрило во оградата на патот, и од автомобилот кој удрил во него. Тие ги оставиле хаварисаните возила и тргнале пеш да се симнат од патот, но биле покосени од камион.

Во североисточна Пенсилванија е многу студено, а метеоролошката служба предупредува на замрзнати и лизгави патишта. 

Треба да знаете
Последни објави