Пејачка од Бјелина падна од 24 кат на зграда во Дубаи и трагично почина на 28 години

Андријана Лазиќ почина на 28-годишна возраст, на одмор со своите пријатели. Пејачката загина во страшна трагедија која се случи на 10 јануари, кога падна од 24 кат во Дубаи. Оваа млада пејачка од Бјелина, Република Српска, на 7 јануари со другарките заминала во Дубаи, а три дена подоцна починала, дознава Телеграф.рс.

Како што изјавил изворот за споменатиот портал, Андријана била на почетокот на својата пејачка кариера, а пред да тргне на пат снимила две песни кои наскоро требало да бидат објавени.

Андријана Лазиќ беше дипломиран правник, вработена во Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Треба да знаете
Последни објави